Во кумановско пронајдено оружје од Втора светска војна

Оружје од Втората светска војна е пронајдено денес во кумановско.

Вработен во фирмата „Вибе“ пријавил дека при вршење ископ за пруга во Куманово кај индустриската зона Бедиње биле пронајдени осумнаесет минофрлачки мини, четири зрна од топовска граната, осум запалки за гранати и две противавионски куршуми со потекло од Втората светска војна.

Истите се подигнати од страна на ДЗС за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.