Во Кувајт откриени четири нови нафтени полиња

Државната компанија „Кувајт Оил“ открила четири нови нафтени полиња, објавија тамошните медиуми.

Директорот на таа компанија, Хашим Хашим вели дека тоа откритие „ќе ја зајакне позицијата на Кувајт како меѓународен производител на нафта“.

Хашим доаде дека откритието на нафтените полиња е резултат на двегодишна истраживачка мисија.  Тој рече дека едно нафтено поле содржи лесна сирова нафта што е прв извор од тој вид во Кувајт.

Не се објавени детали за големмината на новите нафтени полиња кои се на север и запад во државата, членка на ОПЕК.