Во лизгање на земјиште во Кина загинаа 14 лица

Лизгање на земјиштето во село во југозападна Кина однесе 14 животи. Дваесет и две лица се повредени, а единаесет се сметаат за исчезнати.

Повеќе од 600 припадници на спасувачките тимови трагаат по преживеаните во селото Јингпиинг во провинцијата Гуиџоу,каде во одронот кој се случи во средата навечер, урнати се 77 куќи, јави кинеската новинска агенција Синхуа.

Во одронот оштетен е и еден резервоар за вода, што предизвика поплава и дополнително го загрози погоденото подрачје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.