Во лондонскиот пожар исезнати најмалку 58 луѓе, веројато се мртви, објави полицијата

Најмалку 58 луѓе загинале во пожарот кој претходно оваа седмица зафати станбен комплекс во централен Лондон, објави во саботата полицијата, а оваа трагедија дополнително го продлабочи јазот во и онака поделеното британско општество.

Доколку оваа бројка биде потврдена, а судејќи според сѐ ќе биде и поголема, тоа ќе биде најсмртоносниот пожар во Лондон од Втората светска војна.

„За жал, во овој момент има 58 луѓе за кои се тврди дека биле во Гренфил Тауер ноќта на несреќата, а до денеска се водат како исчезнати, па морам да заклучам дека се мртви“, изјави началникот Стјуард Синди за новинарите. Додаде дека оваа бројка може да се менува.

Владата на британската премиерка Тереза Меј претходно се обиде да го смири гневот на јавноста поради пожарот, обврзувајќи се дека ќе им помогне на жртвите од оваа трагедија, откако демонстрантите изразија големо незадоволство пи нејзината посета на локалната заедница при што беше избегна инцидент.

Меј во петокот мораше да ја напушти средбата со граѓаните под силно полициско обезбедување, додека насобраната толпа извикуваше „Засрамете се“, а стотици лица продреа во градскиот совет барајќи правда.

london pozar 01

По лошиот резултат на нејзината Конзервативна партија на предвремените парламентарни избори, на коишто го загуби апсолутното мнозинство во парламентот, Меј се соочува и со критиките поради нејзиниот одговор на пожарот кој ја зафати кулата со 24 катови во која имало 120 социјални станови во кои живееле околу 600 луѓе.

Жителите на уништената зграда тврдат дека премиерката Меј предоцна ја посетила погодената заедница, дека таа зграда не била безбедна и дека службите не давале доволно информации и поддршка на оние кои во таа трагедија ги загубиле своите најблиски.

„Сега сум целосно концентрирана на осигурување на поддршката на теренот. Владата работи на обезбедување пари, на тоа да откриеме што навистина се случило и да најдеме нови домови за настраданите“, изјави Меј за BBC.

Меј во саботата претседаваше со состанокот на кој се настојуваше да се утврди владиниот одговор на пожарот, и се состана со жртвите во инцидентот во својата резиденција во Даунинг Стрит.

Освен полициската и противпожарната истрага, Меј вети дека ќе ја почне и јавната. Вети и 5 милиони фунти поддршка, снабени гаранции и помош при достапот до банкарските сметки и готовина. Луѓето кои ги загубиле своите домови ќе добијат ново сместување во следните три седмици, истакна Меј.

Гневот на Лондон

Пожарот покрена бран од великодушност на жителите на Лондон кој донираа облека и средства, но и гнев насочен кон властите бидејќи изгорената зграда стана смртоносен симбол на длабоко поделеното британско општество.

Гневните демонстранти извикувајќи „Сакаме правда“ во петокот тргнаа на градските совети во квартовите Кенсингтон и Челзи. Демонстрантите веќе два дена се собираат и пред Даунинг Стрит, кој пред седиштето на владата бараат оставка од премиерката Тереза Меј.

london 02

По трите турбулентни месеци во кои Велика Британија доживеа три смртоносни исламистички напади и пожарот, кралицата Елизабета Втора објави дека атмосферата во државата е многу темна, но дека британскиот народ е решителен во справувањето со непријатностите.

„Тешко е да се побегне од многу тмурното расположение во државата. Обединети во својата тага, рамноправно сме решителни, без страв или наклонетост, да ги поддржиме сите оние коишто повторно ги градат своите животи откако ги погодија штетите и загубите“, порача британската кралица на својот официјален роденден.

Ваквата директна порака од кралицата претставува реткост, и дополнително укажува на димензиите на вознемиреноста во Велика Британија.

Премиерката не е способна

Противниците на премиерката Тереза Меј сметаат дека нејзиното управување со кризата околу пожарот дополнително ја разниша нејзината функција, бидејќи покажала дека не успева да го препознае јавното мнение и решително да дејствува.

По турбулентната седмица којашто Британија ја вовлече во најдлабоката политичка криза од референдумот ланскиот јуни за британското напуштање на Европската унија, иднината на премиерката веќе беше несигурна поради нејзиното ризикување со предвремените избори од кои исходот беше токму спротивен на нејзините намера да ги зајакне своите и позициите на својата влада пред почетокот на преговорите за излегувањето од ЕУ.

Како што беше најавено, Лондон во понеделник најверојатно ќе ги започне напорните преговори со Брисел за излегувањето од Унијата, со ослабена челничка којашто зависи од малата северноирската унионистичка партија.

theresa-may-visits-grenfell

Метју Парис, колумнист и поранешен конзервативен пратеник, тврди дека одговорот на премиерката Меј на пожарот покажа недостиг од разборитост поради што таа не може повеќе да ја води државата.

По резултатите од изборите и неодамнешните настани „ниту здравиот разум, ниту доказите не покажуваат дека таа може повторно да ја здобие довербата на јавноста“, напиша Парис во весникот The Times.

„Премиерката не е способна за лидерство“, заклучува колумнистот.