Во маичка на Исламска држава се прошета низ чаршија во Сараево

Припадниците на полицијата во сараевскиот кантон денеска запреле и легитимирале лице кое носело маица со ознаки на озогласената „Исламска држава“.

„Дневни аваз“ наведува дека досега од босанското Министерство за внатрешни работи не дале никакво соопштение во врска со овој инцидент.

На фотографијата која „Дневни аваз“ ја добил од читател, се гледа маж со брада и двајца полицајци.

Минатата недела на куќа во Горна Маоча кај Брчко беа истакнати знамиња на Исламската држава, а кога на терен излегоа припадници на Државната агенција за истрага и заштита, СИПА, знамињата веќе ги немало. Од СИПА изјавиле дека истрагата за инцидентот продолжува.

Жителите на ова место кое територијално на дистриктот Брчко, веќе една деценија се под истрага на полициските разузнавачки агенции поради сомнеж дека се поврзани со тероризам.

Овој инцидент медиумите го поврзаа и со судењето на Хусеин Босниќ, наречен Билал, кој често престојувал во Горна Маоча и по заминувањето на Нусрет Имамовиќ во Сирија ја презел должноста лидер на вехабистичкото движење во БиХ.

Судењето на Босниќ за поддршка на тероризмот, поттикнување и врбување на муслимани да заминат на боиште започнува утре.

Според податоците на безбедносните агенции во БиХ, повеќе од 150 босански муслимани од Горна Маоча војуваат во Сирија и Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.