Во мај имало 13 отсто повеќе туристи за разлика од лани

Во Македонија во мај годинава се регистрирани 76.419 туристи и 171.097 ноќевања. Бројот на туристи во Македонија во мај годинава поголем за 13 отсто за разлика од лани. Бројот на ноќвања пак е зголемен за 12,5 проценти.

Во мај годинава споредено со мај лани за 13 проценти е зголемен бројот и на домашните и на странските туристи. Кај ноќевањата на домашните туристи има зголемување за  9,8 проценти, а  кај странските за 14,3 проценти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.