Магазин

Во Македонија има 1,28 милион интернет корисници

Во Македонија има 1,28 милион интернет корисници

Од вкупното население во Македонија, интернет користат 1.281.000 или 61,2 отсто од граѓаните.

Ова го покжале податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Профил на социјалната мрежа Фејсбук имаат 963.000 македонски граѓани.

Во Европа интернет користат 566 милиони луѓе, а 251 милиони имаат Фејсбук профили.

Во светот, пак, има 2,81 милијарда интернет корисници, а 980 милиони регистриран Фејсбук профили.