Во Македонија најмногу се преживува ако работите здравство или финансии!

Државниот завод за статистика денеска го објави извештајот за 2012 година за демографијата на претпријатијата во Република Македонија.Според објавените податоци, Од вкупниот број на новосоздадени претпријатија во 2011 година, 64.3 отсто преживеале во 2012 година.  Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија, чијашто главна дејност припаѓа во секторите на дејност  “Дејности на здравствена и социјална заштита” (92 отсто) “Финансиски дејности и дејности  на осигурување” (83.3 отсто).

Бројот на новосоздадени претпријатија во Република Македонија изнесува 8.329, од кои најголем број на новосоздадени претпријатија (2198) според, има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ”, се наведува во извештајот.

Women-and-Finance-580x333

Во извештајот, се наведуваат податоци и за згаснатите претпријатија во 2010 година.Нивниот број Македонија изнесува images9794, од кои најголем број на згаснати претпријатија (2985),  има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ”.

Податоците за структурата на новосоздадените и згаснатите претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата кои се категоризираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.