Во Македонија се прославува Меѓународниот ден на јогата

По повод Меѓународниот ден на јогата, Индиската амбасада од Софија, во соработка со македонските јога друштва и школи, ги покануваат сите на најмасовниот Јога час, кој ќе се одржи на 21 јуни, во 19 часот на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза.

Настанот ќе го отвори Индиската амбасадорка Н.Е. г-ѓа Пуџа Капур, во присуство на членови од дипломатскиот кор од други амбасади, видни личности и медиуми.

Настанот ќе го поддржат и ќе земат учество повеќе јога друштва: Healthy YOGA, Joga Studio Delfy Spirit, Inside Yoga, 108 Yoga House, Sri Sri School of Yoga Macedonia, Art Excel Macedonia, Happy Yoga Macedonia, The Yoga Sangha и Уметност на живеење Македонија – Art of Living Macedonia.

И оваа година, одбележувањето на Меѓународниот ден на јогата по четврти пат ќе го обедини целиот свет, сите земји, милиони луѓе без разлика на нивната боја, религиска припадност, возраст, професија – со една мисла и цел, мир во себе мир во целиот свет. Колку повеќе се присутни, толку поубава енергија ќе се рашири низ етерот.

Придружете им се на брановите од позитивна енергија, безброј насмевки и топли срца.

На 23 јуни, со почеток во 10:30 часот ќе следи уште еден целодневен настан во Центарот за јога, ајурведа и медитација на булевар Св. Климент Охридски бр.48, 1000 Скопје (поранешен „Булевар“, веднаш до „Вулкан“).

Во текот на целиот ден, секое јога друштво на свој начин, ќе ја доближи и претстави јогата од свој агол како здрав начин на живот, и тоа преку: теорија, јога вежби (асани), техники на дишење, медитација и релаксација. Влезот е бесплатен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.