сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 7

Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица

Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.

133243048

Поврзани вести

Стапката на активност во минатата година изнесувала  56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.

Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.

Во вкупното работоспособното население  над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а  жените со 38,7 проценти.

Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.

Најчитани вести