Во Малме нападнати простории на ромско здружение

Просториите на едно ромско здружение во Малме, Шведска, ноќеска беа мета на напад со шишиња со запаллива течност, јави МИА.

Едно од шишињата почнало да гори, но во простоириите се наоѓало едно лице што успеало да го изгаси огнот, вели Петер Мартин, командир при полицијата во Малме.

Според полицијата, засега никој не е осомничен за нападот, а нема ниту податоци од можни очевидци на инцидентот.

Инаку, вчера беа објавени резултатите од најновото истражување кои покажуваат дека многумина шведски Роми имаат силна недоверба кон органите на власта, посебно кон полицијата.

Тоа го констатира комисија која во текот на минатата година интервјуирала поголем број Роми низ цела Шведска за да ги утврди фактите како тие ја доживуваат својата секојдневна ситуација во општеството.

Споменатата комисија беше формирана по откривањето на контроверзниот регистар на Роми воден од страна на полицијата во Малме. И во овој најнов извештај е присутна критика токму против шведската полиција, која, на пример, одвреме навреме се уште распишува потерници по лица со „ромски изглед“.

 

Фото: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.