Во Манчестер уапсен 23-годишник, ИД ја презема одговорноста

© AFP 2017 / Ben Stansall

Полицијата соопшти во вторникот дека уапсила 23-годишен маж во големиот трговски центар „Arndale“ во центарот на Манчестер кој накратко бил затворен, но засега не се верува дека тоа лице е поврзано со синоќешниот напад во „Манчестер Арена“ во кој загинаа 22 лица.

„Мажот е уапсен во трговскиот центар…. – засега не веруваме дека тоа лице е поврзано со синоќешниот напад“, напиша полицијата на Twitter.

Трговскиот центар „Arndeale“ во центарот на Манчесте беше извесно време евакуиран, а голем број луѓе истрачаа од него, претходно јави агенцијата Reuters додавајќи дека нејзиниот фоторепортер и еден очевидец изјавиле дека слушнале „силен тресок“ кој личел на експлозија.

Центарот повторно е отворен откако полциијата го отстрани кордоните, а ваботените постепено почнале да се враќаат на работните места.

Во Манчестер во понеделникот ноќта на концертот на американската пејачка Аријана Гранде бомбаш самоубиец изведе терористички напад во кој загинаа 22 лица и уште 59 се ранети. Покрај тоа, шест тинејџери и осумгодишно девојче уште се водат како исчезнати.

Британската премиерка Тереза Меј претходно изјави дека полицијата го открила идентитетот на бомбашот самоубиец. Но во интерес на истрагата не беше соопштено неговото име.

Одговорот за нападот преку социјалните мрежи ја презема џихадистичката организација Исламска джрава, чиишто приврзаници уште од понеделникот вечерта изразуваа на социјалните мрежи одушевување од нападот во Манчестер и повикуваа на нови напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.