Во март издадени 238 одобренија за градење

Во Македонија во март годинава се издадени 238 одобренија за градење, што е за 5,9 проценти помалку во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика, пренесува МИА.

Најмногу одобренија за градење, 71, се издадени во Скопскиот регион, по што следат Полошкиот  со 39 одобренија, Југоисточниот 33, Источниот 30, Југозападниот 25, Пелагонискиот 17, а во Североисточниот регион 8.

Предвидена е изградба на 487 станови со вкупна корисна површина од 34.668  метри квадратни. Најмногу станови, 364, според одбренијата, ќе се градат во Скопје, при што во општина Аеродром е планирана изградба на 208 станови, во Ѓорче Петров 51, во Центар 45, во Карпош 44…

Според вкупно издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.838.874.000  денари што е за 82,3 проценти помалкуспоредено со март претходната година. Намалената предвидена вредност, наведува ДЗС, се должи на фактот дека во претходниот период се издадени одобренија за градење на капиталните проекти за изградба на новите 2 автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.  

Од издадените одобренија за градење, 133 (55,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15,1 процен) за објекти од нискоградба и 69 (29 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 238 објекти, на 157 (66 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 81 објект (34 проценти) деловни субјекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.