Во масовна тепачка и пукање во Сараево, повредени четири девојки и едно момче

Во масовна тепачка во Сараево повредени се четири девојки и едно момче, пренесуваат локалните медиуми.Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот во општината Стари Град.

Имено, дошло до пукање меѓу две групи,а користен и е нож.Пет лица се повредени, три се здобија со тешки, а две со лесни телесни повреди.

Едно лице е уапсено поради поседување на пиштол и помагање со кое е употребено оружје.

„На Клиниката за ургентна медицина примени се пет лица околу 22.30 часот. Една пациентка е примена со убодна рана во пределот на градниот кош, друга има прострелна рана,а четврта има убодна рана на коленото,“ изјави портпаролката на клиниката Муамера Шехиќ.