Во „Матица ексклузив“ изложба на Стефан Хаџи Николов

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ , утре во 12 часот, ќе биде отворена изложбата на акдемскиот сликар Стефан Хаџи-Николов.
Познатиот уметник ќе се претстави со триесеттина дела создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, Книгоиздателството „Матица македонска“, подготви каталог за творештвото на Хаџи-Николов. Изложбата ќе ја отвори писателот и ликовен критичар Паскал Гилевски.

Со оваа излижба „Матица македонска“  ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев и скулпторот Илија Аџиевски.