Во Маврови Анови 123 сантиметри снег

Висината на снежната прекривка во Маврови Анови достигна 123 сантиметри. 58 сантиметри се наврнати во Пожаране, 40 сантимети во Лазарополе, 27 сантиметри Крушево, 25 сантиметри во Тополчани, 24 сантиметри во Ѓуриште, 21 сантиметар во Крива Паланка, 20 сантиметри во Пожар, 16 сантиметри во Тетово, 15 сантиметри во Битола, 8 сантиметри во Прилеп, 5 сантиметри во Берово.

Изутрината најниска температура е измерена Маврово -6 степени, а во Крушево и Пожар -4, Ѓуриште -4, Крива Паланка, Берово и Пожаране -2, Штип, Прилеп, Охрид и Претор -1, 0 во Петровец, Тетово, Виница, Струмица, Демир Капија, Битола, Дебар и Куманово, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Дојран и  3 степени во Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Попладне врнежите речиси насекаде ќе престанат, меѓутоа во вечерните и ноќните часови повторно ќе ги има и ќе бидат повеќе застапени во југоисточниот дел од земјата. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.