Во Маврово измерени 65 сантиметри снег

Во Маврово беа измерени 65 сантиметри снег  утринава во 7 часот од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Крушево снежната обвивка изнесува 35 см, додека во Пожаране е измерен еден сантиметар помалку.

Во станатите градови и места измерени се:

Тополчани – 21 см

Тетово – 20 см

Охрид и Ѓуриште – 19 см

Битола – 18 см

Претор – 16 см

Пожар – 13 см

Прилеп – 12 см

Скопје- Зајчев Рид и К.Паланка – 9 см

Скопје-Петровец – 6 см

Берово – 4 см

Демир Капија – 1 см

За утре се најавуваат нови врнежи од снег.

фото: ekonomski.mk