Во Маврово најстудено и најмногу снег

Највисока снежна покривка, од 99 сантиметри, во Македонија, изутрината во 8 часот е измерена во Маврово. Четириесет сантиметри снег има во Пожаране, 37 во Ѓуриште, 27 во Крушево, 26 во Пожар, 22 во Лазарополе, 13 во Крива Паланка, 9 во Берово, 7 во Тетово и 3 сантиметри во Битола.

Најниска температура од минус 4 степени целзиусови е измерена во Маврово, по што следат Крушево со – 3, Лазарополе  со – 2,  Берово и Крива Паланка 0 степени, 1 степен во Куманово, Дебар и Претор, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Тетово, 3 Скопје, Штип, Виница, 4 Демир Капија, Кавадарци, Струмица и 5 во Дојран и Гевгелија.

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен слаб дожд, на повисоките места дожд и снег, на планините со снег, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени

Во Скопје облачно, попладне со услови за повремен слаб дожд, кој во текот на ноќта можно е да помине во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен слаб дожд и снег, на југоисток претежно од дожд, а на планините од снег. Во четврток и петок ќе дува умерен северен ветер, кој на момети на места ќе засилува.