Во Маврово најстудено и со најмногу снег

Утринава најстудено во Маврово, каде се измерени -3 степени целзиусови. Висината на снежната покривка изнесува 21 сантиметар. Снег има и во Крушево, каде се наврнати 9 сантиметри.

Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, во Крушево се измерени -1 степен, во Лазарополе и Пожар 0, во Берово, Тополчани и Пожаране 1, во Претор и Крива Паланка 2, во Битола и Прилеп 3, во Охрид и Тетово 4, во Скопје, Штип и Виница 5, во Струмица и Демир Капија 6, Гевгелија.

Во последните 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија – 41 литар на метар квадратен, по што следува Маврово 27, Демир Капија со 26 литри, Струмица со 25, Пожар 24, Крушево 23, Пожаране со 22, Дојран и Битола со 14, Тополчани 13, Берово со 11, Тетово и Скопје Петровец 10, Штип 8.

За денеска се најавува облачно и посвежо време со локални и слаби врнежи од дожд, на планините од снег, особено во утринските часови. Ќе дува умерен а повремено засилен ветер претежно од северен и северозападен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во наредните денови се очекува да преовладува променливо облачно време со локални, но послаби врнежи од дожд, додека од четврток се најавува покачување на дневната температура.