Во Маврово наврна најмногу дожд

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Маврово, 48 литри на метар квадратен, во Пожаране се измерени 38, Лазарополе 22, Тополчани 18, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово 11, Прилеп 10, Кавадарци, Ѓуриште, Гевгелија 7, Битола 6, Демир Капија, Охрид, Куманово 4, Виница 3, Берово, Дојран и Крива. Паланка 2 и Претор 1 литар на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи дожд, особено претпладне. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во јужните и источните делови на земјата. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе достигне 4.

Според УХМР, во наредните денови ќе преовладува сончево со умерена облачност во попладневните часови локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со порен дожд и грмежи, особено повеќе в недела. Од почетокот на наредната недела се очекува претежно стабилно и топло време

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.