Во меѓувреме во Македонија – полицаец си прави селфи со Шаќири

Екс фудбалерот на Баерн Минхен, а извесно и на Интер, Ѓердан Шаќири слободните денови од летото ќе ги мине во Косово, а на патот до таму му се случи интересна ситуација и тоа во Македонија.

Имено, двајца полицајци (униформирани во македонска полициска опрема) го стопираа возилото на познатиот фудбалер марка Порше Панамера, а средбата со ѕвездата на швајцарската репрезентација ја искористија да си направат по некоја фотка за вечен спомен…