Во Мексико пронајдени десет јагленисани тела

Властите на мексиканската држава Оахака пронајдоа запалено  возило во кои имало десет јагленисано телата.

Недалеку од возилото било пронајдено уште едно тело, кои имало прострелна рана во главата.

Телата беа пронајдени во село на околу 150 километри од главниот град на Оахакам во јужниот дел на Мексико.

Од канцеларијата на државниот обвинител изјавија  дека идентитетот на жртвите, како и мотивот за овој грозоморен чин се се’ уште непознати. Од таму додаваат дека меѓу убиените има и три малолетни лица.

Десетици илјади Мексиканци се убиени во насилства поврзани  со дрога во последниве години, но само неколку такви убиства биле регистрирани во Оахака, пренесе Ројтерс.