Во Мијанмар запалени над 2.600 домови на Рохингите

(Photo by AFP)

Повеќе од 2.600 куќи во областите со мнозинско населени Рохинга во северозападниот дел на Мијанмар се изгорени изминатата седмица, соопшти тамошната влада во саботата, во еден од најсмртоносните изливи на насилства кон ова муслиманско малцинство изминатите децении.

Околу 58.600 припадници на заедницата Рохинга од Мијанмар побегнале пред насилствата во соседен Бангладеш, според податоците на УНХЦР каде што хуманитарните активисти се соочуваат со многу тешката ситуација. Мијанмарските власти ја обвинуваат исламистичката група Аракан Рохинга војска на спасот (ARSA) дека ги запалиле куќите.

Групата минатата седмица ја презема одговорноста за координираните напади врз триесетина полициски станици и воена база коишто ги поттикнаа судирите и голема воена противофанзива. Но, Рохингите коишто побегнале во Бангладеш велат дека мијанмарската војска настојува со нападите и убиствата да ги протера сите Рохинги од земјата.

Односите меѓу будистичкото мнозинство во Мијанмар наспроти 1,1 милиони Рохинги е најголемиот предизвик со кој се соочува челничката Аунг Сан Суу Кји. Западните критичари кои ја поддржуваа сега ја обвинуваат дека не се зазема за малцинството кошето со години се жали дека е прогонето во оваа земја.