Во Минесота уапсени шест лица кои сакале да заминат во Сирија

Во американската држава Минесота уапсени се шест млади лица кои се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страната на екстремистите, соопштија американски федерални органи.

Портпарол од Канцеларијата на американскиот обвинител Бен Петок потврди дека вчера имало апсења во Минеаполис и во Сан Диего.

Се очекува ФБИ денеска да има прес конференција на која ќе соопшти за детали.

Од канцеларијата на ФБИ во Минеаполис беше наведено дека се уасени шест луѓе без да се дадат детали. Од 2007 година повеќе до 22 млади лица со потекло од Сомалија исто така заминале од Минесота во Сомалија да се борат на страна на екстремистичката група Ал Шабаб.