Во минско поле загина десетгодишно момче во Република Српска

Десетгодишо дете загина во екплозија во минско поле во местото Карановац кај Петрово во Република Српска, јавија медиумите од Бања Лука.

Таткото на детето се здобил со тешки повреди по целото тело и е згрижен во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Според полициските извори, несреќата се случила вчера кога детето и неговиот татко собирале старо железо и влегле во обележано минско поле.

Со нив бил и чичкото на момчето, но тој не е повреден.

Чичкото по експлозијата на мината настраданите ги донел до Брза помош во Грачаница, каде имало обид за реанимација на  детето, кое било донесено без знаци на живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.