петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 29

Во МКЦ се поставува централен систем за греење и разладување

Проектот ќе биде завршен до крајот на летото, а вредноста на инвестицијата е 1,8 милони денари, обезбедени од буџетот на Град Скопје.

mkc

Последни вести

Во концертната или „денсинг“ сала во Младинскиот културен центар (МКЦ) се поставува централен систем за затоплување и разладување. Проектот ќе биде завршен до крајот на летото, а вредноста на инвестицијата е 1,8 милони денари, обезбедени од буџетот на Град Скопје. 

– Со климатизацијата се опфатени кино „Фросина“, џепното кино, галеријата, влезниот хол и сите простори каде имаше потреба. Со овој зафат по 40 години се овозможува во концертната сала да се изведуваат театарски претстави и концерти и во текот на летото, рече Трајановски.

Покрај ова, како што рече, Град Скопје во изминатите четири години има вложено околу 26 милиони денари за реконструкција и за опремување на МКЦ. Реконструкцијата го опфати киното „Фросина“, сценскиот дел, стлчињата, кино проекторот, системот за разладување и затоплување, комплетно е реконструирана ликовната галерија, џепното кино каде се набавени проектор, столчиња, сценскиот дел, опрема за кино „Милениум“, обновени се санитариите, подрумот, влезниот хол…

– Во изминатите четири години завршена е реконструкцијата на фасадата, покривот и прозорците на МКЦ во вредност од 640.000 евра, рече Трајановски.  

Директорот на МКЦ Златко Стевковски потсети и на други проекти, како целосно опремување од аудио и светлосна опрема, поставување рампа, поставување 3Д проектор во кино „Милениум“, поставување дигитален проектор во кино „Фросина“, проектор во џепното кино.

Најчитани вести