Македонија

Во МНР работна средба на координаторите на ЦЕИ

Во МНР работна средба на координаторите на ЦЕИ

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи работна средба на националните координатори на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), на која обраќање ќе има министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Средбата е прва активност во рамки на македонското претседателство со ЦЕИ, една од најстарите регионални организации кои придонесуваат за развој и соработка во регионот.

Од 1 јануари оваа година Република Македонија официјално започна со претседавање со ЦЕИ.