Во Москва одржана Првомајската поворка

Околу милион и пол Руси во поворка минале во понеделникот низ центарот на Москва одбележувајќи го меѓународниот ден на трудот, што е значително поголемо учество отколку претходните години, според полицијата на руската престолнина.

Околу 1,5 милион луѓе биле во поворката по повод 1-ви Мај, се наведува во соопштението на московската полиција, на кое се повикува агенцијата Интерфакс.

Учесниците минале низ познатиот Црвен плоштад носејќи знамиња и балони.

Минатата, како и претходната 2015 година, само околу 100 илјади луѓе учествувале во поворката во Москва, според полициските податоци.

Поранешен командант на руската војска Владимир Николаевич, кој на поворката дошол во униформа, изјавил дела Први мај за него е бесмртен празник.

Некои учесници на собирот носеле комунистички знамиња и портрети на водачот на Октомвриската револуција, Владимир Илич Ленин.

Се проценува дека вкупно околу 2,6 милиони луѓе учествувале на годинешното одбележување на меѓународниот ден на трудот ширум Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.