Во МПМ штрајкот се зголемува на осум часа

Штрајкувачките одбори  на Дневник, Утрински весник и на Вест донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа почнувајќи од понеделник 13 март 2017 година.

Ова од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати  јануарската плата до денес – петок, платата за месец јануари 2017 година  не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.

Револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско-социјална положба  и игнорантскиот однос на менаџментот. По барањето  на мнозинството од вработените штрајкувачките одбори  донесоа одлука за радикализација на штрајкот.