Македонија

Во најава нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места

Во најава нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места
Во најава нови инвестиции кои ќе отворат нови работни места

Тој во своето денешно обраќање по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, истакна дека во земјата доаѓаат нови инвестиции.

Со работа веќе утре на 9ти септември ќе стартува и новата фабрика на италијанскиот Диатек во скопкста зона и ќе ангажира 250 лица, привршуваме со договарањата на нова фабрика на глобална американска компанија која неодамна ја најавив, а која е  со седиште во Америка,  и планира капацитет во Струмица и отворање на околу 1500 нови работни места, а свој влез неодамна објави и американската Леар со околу 3000 лица во Тетово. Анфенол во Кочани континуирано вработува, и со ново најавените дивизии во зоната Виница -Кочани, се очекува да достигне до 2500 илјади вработени. Гентерм во Прилеп ќе ја почне изградбата на својата фабрика следниот месец каде предвидува 2000 вработувања. Технохозе ќе ја заврши втората фабрика во зоната во Скопје за 20тина дена и ќе почне со нови вработувања, а Еипл ленд во Ресен треба да го заврши и отвори својот капацитетво Ресен каде постепено ќе се вработат околу 200 лица. Министерот Бил Павлески ме извести дека работи со една мултинационална компанија од прехранбената индустрија која на пат е да рестартира неколку пропаднати капацитети од прехранбената индустрија ида вработи неколку стотици лица, истакна тој.

Како што додаде премиерот, Министерот Висар Фида е во финиш на разговорите со една швајцарска софтверска компанија која ќе започне со 80 ИТ инжињери, а со друга швајцарска компанија го договара терминот за почеток на градба на нивната фабрика за соларни панели во Скопје.

Виктор Мизо е во финиш на разговорите со една американска компанија од автомобилската индустрија која треба да започне активности од почетокот на 2016та скопската зона со план да вработи над 500 луѓе, а најдоцна следниот месец австрискиот Текспорт треба да почне со работа во Виница во нивната нова фабрика каде ќе се вработат над 200 лица. Христијан Делев ме информираше дека отварањето на Кап Кон во Скопје ќе се случи некаде кон крајот на октомври, а во втората половина  на октомври очекуваме уште еден влез, овој пат на познат регионален бренд од прехранбената индустрија. Другите членови на тимот исто така се во активни финализирања на договори со повеќе познати компании, што се заедно говори, дека ќе следуваат поголем број нови компании и илјадници нови работни места.