Во најава нови протести за загадувањето на воздухот

Повеќе од 800.000 граѓани боледуваат од респираторни болести, алармираат од граѓанската иницијатива „Ќе дишеме или ќе издишеме“.

Нивните активисти денеска пред Институтот за јавно здравје им порачаа на надлежните да ги објават официјалните бројки на заболени пациенти кои секојдневно се борат за својот живот.

Од граѓанското здружение, најавија масовни протести во Скопје, Тетови и во Битола, каде што изминативе месеци имаше највисоко измерено загадување на воздухот.