Во налетот на ураган 13 жртви во Москва

Тринаесет лица смртно настрадаа а околу 140 се повредени во понеделникот во „невидениот налет на стихијата“ кој накусо ја зафати областа на руската престолнина Москва, и притоа се урнати повеќе илјади стебла, соопштија властите.

„Трагични настани се случија денеска во Москва. Бурата уби 11 лица и 70 тешко се повредени“, а меѓу жртвите две се деца, изјави московскиот градоначалник Сергеј Собјанин.

moskva nevreme 1
Рускиот истражен комитет додаде во одделно соопштение дека уште две лица смртно настрадале во областа на Москва. Станува збор за 11-годишно девојче и 57-годишна жена кои загинале при пад на стебло односно ограда.

Во налетот на ветерот искорнати се повеќе илјади стебла во целиот град и неговата околина, додаде Собјанин. Подоцна вечерта градоначалникот на Москва соопшти дека биле урнати околу 3.500 дрвја само во градот.

На санирање на последиците од невремето биле ангажирани 35.000 припадници на комуналните служби и 4.500 возила.

Moscow hit by stormВетровите дувале со брзина од околу 22 метри во секунда со силен дожд, што предизвика нарушување на функционирањето на московските аеродроми, а дрво кое се урнало го запрел брзиот воз кон аеродромот Внуково.

Директорот на метеоролошката служба Роман Вилфанд изјави дека нова бора може да ја зафати престолнината во текот на ноќта кон вторникот.

 

https://ria.ru/incidents/20170529/1495335185.html

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.