Во намерно подметнат пожар уништени згради населени со бегалци во Германија

Во пожар во германскиот град Хаиде, северно од Хамбург, се уништени неколку станбени згради во кои биле сместени бегалци.

Германска агенција ДПА јави дека полицијата утврдила оти станува збор за намерно подметнат пожар.

Пожарот уништил три згради во центарот на Хаиде, град со 21.000 жители во близина на крајбрежјето на Северно Море.

Во инцидентот нема настрадни.

Во зградите престојувале 16 лица, вклучувајќи и шестмина бегалци, кои успаеале да побегнат од пламените јазици.

Ниту една од трите згради изрично не била наменета за сместување бегалци.