Во напад со автомобил-бомба во Бенгази загинаа 22 лица

Во напад со автомобил-бомба, насочен кон силите за безбедност, загинаа  22 лица во источниот либиски град Бангази, пренесува МИА.

Во нападот, што се случи во населбата Гуарша каде се водат борби меѓу владините сили за безбедност и сојузот на исламисти, како и останатите нивни противници, повредени се најмалку 20 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде „Маџлис шура туар Бенгази“ (Консултативно собрание на револуционерите од Бенгази), се наведува во соопштението кои беше објавено на сајтовите поврзани со групата.