Во напад на Боко Харам во Нигерија најмалку 18 мртви и 84 ранети

Во нападот на исламистичкото движење Боко Харам во Маидугиру, голем град на североистокот од Нигерија, загинале најмалку 18 луѓе а уште 84 се ранети во неделата, објави во понеделникот локалната агенција за управување со вонредни систуации (SEMA).

„Досега пребројавме 18 тела во две населби, Бале Шуви и Бале Кури“, во предградијата на Маидугури, изјавил за AFP, Бело Дамбато, шеф на SEMA задолжен за евакуации, додавајќи дека луѓето се убиени „додека бегале од вкрстениот оган меѓу бунтовниците и војниците“.

„Денеска влегуваме во друга приградска населба Аликарамта, каде што војската убила двајца бомбаши самоубијци пред да ги активираат појасите со експлозив“, додал Дамбато.

Маидугури, важен голем град во североисточна Нигерија, во сојузната држава Борно, пред најсилниот налет на Боко Харам во летото 2014 година, имаше 2,6 милиони жители, од кои 1,6 милиони бегалци, според Обединетите нации, и на кои до февруари 2016 година им се закануваше опсада. Нападот во неделата се случил околу 21,30 часот по локално време, при што војската се судрила со пропадницте на џихадистичката група, а престрелкуте траеле речеиси еден час, соопштија воени извори.

Меѓу бунтовнциите имало најмалку седум бомбаши самоубијци, според истиот извор. Огранокот на Боко Харам кој го предводи Абубакар Шекау, кој делува во Борно, често употребува бомбаши самоубијци. Последниот напад врз Маидугури, кој е опкружен со вреќи со песок и ровови, се случи на католичко Божик.

Нигериските власти и војската постојано истакнуваат дека Боко Харам „практично е уништен“, но зачестеноста на големите напади предупредуваат на продолжувањето на тешката безбедностна ситуација особено на североистокот на Нигерија.

Исламистичката група Боко Харам ги засили нападите врз цивилни цели последните месеци, особено во Маидугури, главниот град на сојузната држава Борно, каде што на 20-ти септември 2015 година во низа напади беа убиени 117 луѓе. Маидугури и околината често се цел напади на исламистите на Боко Харам од 2009 година, кога започна нивниот бунт, со кој сакаат да формираат калифат на северот на Нигерија со муслиманско мнозинство.

Според пресметките на агенцијата AFP, кои се базираат на новински и извештаи на нигериските власти, терористите на Боко Харам кои ѝ изразија лојалност на екстремната сунитска група Исламска држава, убиле повеќе од две илјади 1.650 луѓе од инаугурацијата на новиот нигериски претседател, генералот Мухамаду Бухари кој потекнува од муслиманската заедница, кој победи на изборите во мај 2015 година. Претседателот Бухари, кој вети дека „ќе им го стави крајот“ на милитантите, во декември истата година изјави дека Боко Харам е „технички“ поразен. Сепак, бунтовниците продолжуваат со своите напади и во Нигерија и во соседните држави Чад, Камерун, Нигер.

Според последните процени на меѓународните организации, во судирите меѓу Боко Харам и нигериските сили се убиени повеќе од 20.000 луѓе, а околу 2,5 милиони морале да ги напуштат своите домови.

Во Нигерија особено последните шест години дејствува радикалната исламистичка група која некои ја сметаат и за секта – Боко Харам основана во 2002 година, којашто настојува во северна Нигерија да формира исламска држава и се противи на западниот модел на образование што всушност и значи нејзиното име „Западното учење е забрането“ на локалниот хауса јазик. Групата стои зад повеќето терористички напади во градовите и масакри во руралните области на земјата.

Таа се смета за најголемата безбедносна закана не само за Нигерија, којашто е најбројната африканска нација чии околу 180 милиони жители се поделени речиси половично на христијани и муслимани, најголемата африканска економија и производител на нафта, туку и за соседните држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.