Во напад на црква во Кенија убиени двјаца, а 10 лица се ранети

Најмалки две лица загинаа, а десетина се ранети кога засега непознати вооружени лица упаднале во црква во близина на кенискиот град Момбас и пукале на верниците, соопшти кениската полиција.

„Напаѓачите убија маж и жена, а потоа побегнаа,“ изјави Роберт Муреити, шеф на полицијата на покраината Ликони.

Тој додаде дека во пукање се ранети најмалку десет верници кои се однесени во блиска болница.

Кенија е често мета на напади, откако во октомври 2011 година воено интервенираше во јужниот дел на Сомалија за да го спречи напредувањето на трупите кои се борат на страна на групата Ал Шебаб, која е поврзана со Ал Каеда.