Во напад на исламистичката група Боко Харам загинаа над 150 лица

Над 150 лица, меѓу кои и 38 полицајци, загинаа во нападот, извршен денеска од исламистичката група Боко Харам врз нигерискиот град Даматуру, соопштија полициски и медицински извори, цитирани од француските медиуми, објави МИА.

Според високо позициониран претставник на спасувачките служби и службеник на локалната болница, по нападот на исламистите 115 трупа биле префрлени во мртовечница, без да се утврди дали тие биле на цивили или бунтовници.

Шестмина војници биле убиени, дополни тој.

Портпаролот на нигериската полиција, Емануел Оџукву, изјави дека во нападот загинале 38 полицајци.