Во напад со автомобил бомба во Багдад најмалку 15 убиени (ВИДЕО)

Најмалку 15 луѓе се убиени а 24 други се ранети во вторникот во експлозија на автомобил бомба во претежно шиитски кварт во ирачката престолнина Багдад, пренесуваат медиумите во вторникот.

Автомобилот бомба била детонирана со далечински управувач во фреквентната населба Каради во којашто дневно се собираат голем број жители на Багдад. Според телевизијата Al Arabiya, експлозијата се случила пред популарна слаткарница.

„Автомобил бомба експлодираше на преполниот плоштад ал-Хурија во централен Бад“, изјавил полицискиот мајор Али Мухамед.

Нападот се случи само неколку дена по почетокот на светиот месец Рамазан. Ирачките власти наведуваат дека нападот извршен со експлизив кој бил далечински детониран во паркиран автомобил.

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава преки својот интерент ресурс Amaq во меѓувреме ја презема одговорноста за нападот наведувајќи дека бомбашкиот напад бил насочен кон „собир на шиитите“.

Квартот Карада беше цел на сличен напад ланскиот јули кога беа убиени 292 луѓе. Тогаш смртоносната експлозија се случи кога ирачките семејства масовно пазареа во пресрет на празникот Еид ач-Фитр на крајот од Рамазан.