Свет

Во напад во ЦАР убиени 1.000 лица

Во напад во ЦАР убиени 1.000 лица

Пред две недели, како одмазда на нападот на христијанските полицајци, муслиманските бунтовници во Централноафриканската Република убиле околу 1.000 лица.

Првично, Обединетите Нации соопштија дека се убиени 450 лица во главниот град Бангиј и уште 150 лица во други градови.

Дводневното насилство од страна на бунтовниите од групата Селека е последица на убиството на 60 муслимани од страна на христијанските полицајци, соопштуваат од „Амнести интернешнл“.

Поради насилството и тероризомот, Франција испрати 1.600 војници на помош.