Во напади во Алепо загинале 34 цивили, а 190 се повредени

Најмалку 34 цивили загинале, а околу 190 се повредени во вчерашните силни ракетни напади на бунтовниците во областа на сирискиот град Алепо кој е под контрола на владата, објави сириската опсерваторија за човекови права, пренесува Танјуг.

Меѓу загинатите во нападите на западниот дел од градот има и 12 деца, пренесува АФП.

Источниот дел на Алепо е под контрола на бунтовниците, додека западниот дел е под контрола на силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал Асад и двете страни секојдневно се напаѓаат меѓусебно.

Се очекува бројот на на загинатите да се зголеми затоа што околу 190 лица се повредени, а десетици се здобиле со сериозни повреди и се наоѓаат во критична состојба.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.