Во нападите на провладините сили убиени 48 сиријци

Најмалку 48 лица се убиени во нападите на сириските сили на градот Талбисе, над кој контрола имаат бунтовниците, соопшти денеска опозициската Опсервсторија за човекови права.

Провладините сили нападите ги извеле во понеделникот и вторникот на северозападот на Сирија.

Во акцијата се убиени влијателни припадници на бунтовничките сили.

Во борбите во Сирија за три ипол години загинале околу 190 илјади луѓе.