Во нападот на христијаните во Пакистан најмалку осум убиени и 45 ранети

© AP Photo / Arshad Butt

Двајца бомбаши самоубијци нападнаа христијанска црква полна со верници на југозападот од Пакистан во неделата и убиле најмалку осум лица, а раниле уште 45 откако еден од напаѓачите да се разнел со експлозив, а вториот го убила полицијата, ги објавија новите податоци властите за нападот извршен неколку дена пред католички Божик.

Како што пренесува локалната телевизија Geo TV, нападот во кој прогрмела моќна експлозија, бил извршен врз една од протестантските цркви во квартот Заргун-роуд, во Квета, главниот град на немирната покраина Балучистан.

Според потврдените податоци, нападот бил извршен од двајца бомбаши самоубијци, изјави министерот за внатрешни работи на покраината Балучистан, Сарифараз Бугти. Еден од нив бил застрелан на влезот во храмот, а вториот успеал да се пробие и да го активира експлозивот кој го носел на себе, откако бил ранет од полициските и воените сили кои ја опколиле црквата.

Цел на нападот била црквата „Bethel Memorial Methodist Church“, која се наоѓа во безбедносната зона, а Џах рекол дека христијанските цркви имаат стражари, бидејќи често се цел на исламистичките екстремни групации.

„Имаме посебни сигурносни договори за верските објект, во прв ред црквите и денеска таков аранжман спасил многу драгоцени животи“, тврдел Ансари.

Вкупно во црквата во текот на неделната литургија имало меѓу 300 и 400 верници, вклучително и жени и деца, а ранетите биле пренесени во блиските болници. Властите велат дека напаѓачите биле вооружени со автоматско оружје, и дека го истражуваат инцидентот. Засега ниедна екстремистичка група која дејствува во немирниот регион не ја презема одговорноста за нападот.

Пакистанскиот претседател Мамнун Хусејн, го осуди нападот и изрази сочувство со семејствата и блиските на настраданите. Шефот на државата истакна дека „терористите и нивните кукавички напади нема да ја ослабат определбата на пакистанскиот народ во борбата против ваквата закана“.

Во Балучистан кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.