Во наредните денови очекувајте покачување на температурите

Денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степен.

Хидрометеоролозите најавуваат дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината.

Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.