Македонија

Во населбата Даме Груев ќе никне ново повеќанемско игралиште

Во населбата Даме Груев ќе никне ново повеќанемско игралиште

Камен темелник на повеќенаменско спортско игралиште ќе биде ставен утре во населбата Даме Груев, Општина Ѓорче Петров.

Ова е дел од проектот на Владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта.

Локацијата на игралиштето е на ул.„Арсен Мицков“, а  на настанот ќе присуствуваат   Претседателот на Собрание на РМ Трајко Вељановски, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Сокол Митрески и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Ги покануваме сите печатени и електронски медиуми да го пропратат настанот.