Анализи

Во НАТО сметаат дека средбата меѓу Трамп и Путин ќе ја ослаби безбедноста во Европа

Во НАТО сметаат дека средбата меѓу Трамп и Путин ќе ја ослаби безбедноста во Европа
© Flickr / Downing Street

Организаторите на самитот на НАТО, закажан за 11-ти и 12-ти јули во Брисел, сметаат дека средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот челник Владимир Путин која треба да се одржи на 16-ти ноември во Хелсинки, може негативно да влијае вез безбедноста во Европа, пишува весникот The Telegraph.

Извори од воената и дипломатската сфера изјавиле за британскиот весник дека постојат стравувања поради можен договор, кој Трамп може да го постигне со Путин на нивната планирана средба. Лица вклучени во политичките подготовки на самитот на НАТО стравуваат дека Трамп ќе ги започне преговорите со Путин за „прекројување на безбедносниот пејзаж“ во Европа, доколку челниците на земјите членки на Алијансата одбијат да ги исполнат барањата на американскиот претседател за зголемување на трошоците во сферата на одбраната.

Неименуван дипломатски извор за The Telegraph рекол дека „Трамп може да го искористи предлогот за намалување на американското воено присуство во Европа, за да осигури меѓусебни гаранции од Путин во Хелсинки, дека Русија ќе го искористи своето влијание врз Техеран за да помогне да се осигури повлекување на иранското воено присуство во Сирија“. Соговорникот, исто така, рекол дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидел да ја убеди британската премиерка Тереза Меј, како и Трамп, дека е неопходно да се обезбеди поддршка од Путин.

Инаку Нетанјуаху годинава повеќепати контактираше со Путин, а израелските медиуми пишуваат дека најмалку двапати престојувал во Москва, еднаш тоа беше официјална посета од која беа лиферувани многу штури соопштенија.

Изворите на британскиот весник, исто така, сметаат дека Трамп „може да се закани (на членките на Алијансата) со повлекување на американските единици од Украина и да го откаже учеството во заедничките вежби на НАТО, доколку Велика Британија и другите европски сојузници нема да бидат во можноста да ја преземат обврската за зголемување на одбранбените расходи“.

Соговорникот истакнал дека функционерите во воениот блок стравуваат дека Трамп може да го искористи и самитот на НАТО следната седмица за да ја запре американската воена и финансиска поддршка поради буџетските несогласувања. Поради тоа, „Украина е во опасност“, го цитира весникот својот неименуван извор.

Притоа The Telegraph забележува дека Велика Британија е една од само петте земји коишто издвојуваат 2 отсто од својот бруто домашен производ (БДП), како што беше побарано со целените стандарди, додека Шпанија и Белгија, на пример, издвојуваат само по 0,9 отсто, додека Германија 1,2 отсто. Весникот притоа потсетува дека САД воено се присутни во Украина, Полска, Германија, Литванија, Латвија и Естонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати ги повикуваше партнерите во НАТО да го исполнат договореното до самитите во Букурешт и Велс, заканувајќи се дека во спротивни САД ќе го намалат своето присуство во заедничките безбедносни програми на земјите членки на НАТО.

Трамп на крајот од јуни испрати писмо со предупредување за Белгија и на адресите на уште шест земји членки на Европската унија коишто се во составот на НАТО за да ги опомене за нивната обврска за зголемување на воените давачки во пресрет на самитот во Брисел. Шесте други земји членки на ЕУ на коишто им е упатено истото писмо се Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург и Холандија. Слични писма им се испратени и на премиерите на Норвешка и на Канада, наведе тогаш за AFP анонимен дипломатски извор.

Американскиот претседател во дописот ги повикал своите европски сојузници на почитување на обврската преземена во 2014 година на самитот на НАТО во Велс, и да одвојуваат најмалку 2 отсто од својот БДП до 2024 година. Трамп често го истакнуваше ова прашање во минатото. Уште во текот на првиот самит на НАТО на кој учествуваше во мај 2017 година во Брисел го истакна ова барање коешто ќе го повтори и на следниот состанок на врвот кон средината на јули, исто така, во Брисел.

И американски државен секретар Мајк Помпео кон крајот на амаропл ги притисна сојузниците да ја исполнат целта на НАТО и да започнат да издвојуваат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната, од што 20 отсто на набавка на воена опрема. Додал дека тоа ќе биде централната тема на самитот на НАТО на 11-ти и 12-ти јули.

Осум од 29-те членки на НАТО ќе ја исполнат оваа обврска во текот на 2018 година, а тоа се САД, Велика Британија, Грција, Полска, Естонија, Литванија, Летонија и Романија. Германија, којашто Трамп остро ја критикува, има големи тешкотии при исполнувањето на оваа обврска во договорениот рок.