Спорт

Во недела ќе се одржи 14-от Меморијален атлетски крос “Методи Веновски – Мето”

Во недела ќе се одржи 14-от Меморијален атлетски крос “Методи Веновски – Мето”

Претстојниов викенд, в недела од 10:30 часот, АК Работнички го организира 14-от Меморијален атлетски крос “Методи Веновски – Мето”, во чест и сеќавање на еден од најдобрите атлетски тренери и спортски работници во Македонија.

Популарниот Мето животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2000 година кога со репрезентацијата на Македонија патуваше на Балканското првенство во сала во Атина. Токму во негов спомен традиционално се одржува меморијалниот крос кој се повеќе го привлекува вниманието на домашните спортски вљубеници.

На програмата на Меморијалот ќе бидат неколку трки, меѓу кои и двете меморијални. Програмата стартува од 10:30 часот со свеченото отворање, и детската трка (до 10 години) должина на патеката: 100 метри , па се до главните меморијални трки во машка и во женска конкуренција.

Programa

Извор: Екипа