Во недела на Матка ќе се одбележи Денот на планината

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година се приклучува кон одлуката  на Генералното Собрание на Обиденинетите Нации, за одбележување на 11 декември – „Светскиот ден на планината“.

ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

Оваа година, „Светскиот ден на планината“ ќе се одбележи  на 15 декември, недела на кањонот Матка.

Денот на планината ќе биде одбележан со три пешачки тури.

1 – Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење)

Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени водачи на планина) Страт во 7 часот.

2- Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење) Стартно место: Манастир Св. Богородица, Матка (Обезбедени водачи на планина) или опција кон манастир Св. Никола Шишевски, старт во 9.30 часот.

3- Пешачка тура: Манастир Света Богородица-Свети Андреја-Кањон-Матка (времетраење 1 час) Старт 11 част. Можност за посета на пештерата „Врело“ со чамец, зависно од временските услови.