Во недела привремено исклучување на семафорите кај студентскиот Гоце Делчев

Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека на ден 28.12.2014 (недела) во 10 часот привремено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата помеѓу булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” со улицата “Московска”.

Причината за исклучувањето на семафорите е извршување на градежни работи – дислоцирање на семафорски столбови. Градежните работи ги изведува ЈП “Улици и патишта”, додека семафорската сигнализација ќе биде исклучена до завршување на активностите.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.