Во недела продолжува ЗОО фест

ЗОО Фест забавата во скопската Зоолошка градина продолжува! Фестивалот кој беше вистинско откритие за дечињата, продолжува оваа Недела во 11:00 часот.

Едукативните и забавни содржини од овој викенд повторно ќе бидат понудени за сите посетители на Зоолошката градина во Скопје, како дополнителна забава за дечињата кои дошле да ги видат животните. Главно изненадување за нив овој викенд ќе биде гостувањето на Дани Димитровска, која ќе отпее дел од своите хитови за своите најмлади фанови.

Детскиот ЗОО фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава, но и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња” и едукативно катче каде се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните.

Премиерното издание на детскиот Зоо Фест е закажано за Недела (31.08) со почеток во 11:00 часот. Овој серијал изданија ќе трае се до средината на Октомври.