Во недела стабилизирање на времето, во среда пак мал пад на температурите и врнежи

Температурата до среда ќе биде во благо опаѓање, а потоа во наредните денови се очекува стабилизирање и повторно затоплување на времето.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи паднале во Маврово, 72 л/м2, во Крушево 46 л/м2, во Гевгелија и Битола.

Во сабота врнежите на повеќе места ќе бидат обилни, особено во првата половина од денот, а во јужните делови се очекува да наврнат нови 30 до 40 л/м2 дожд.

До крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.